03 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
Во тетовското село Мала Речица, на регионалниот пат Пирок–Тетово, вчера вечерта (02.10.2025) околу 20:00 часот се случи несреќа во која полициски службеник беше повреден додека извршувал службени задачи.
Според информациите на СВР Тетово, патничко возило марка „БМВ“ со косовски регистарски ознаки, управувано од 22-годишен државјанин на Косово, удрило во полицаец на возраст од 26 години од селото Шипковица. Во моментот на несреќата, полицискиот службеник вршел обезбедување на местото на претходна сообраќајна незгода.
Како последица на ударот, полицаецот се здобил со телесни повреди и бил пренесен во Клиничката болница во Тетово, каде му биле констатирани повредите.
По наредба на јавен обвинител, увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово, а истрагата за причините и околностите на несреќата продолжува.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

