25 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Вчера попладне во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која тешко повредена е 59-годишна жена.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот бил пријавен во 14:30 часот во СВР Скопје. На булевар „Борис Трајковски“, пред крстосницата со улица „Христо Татарчев“ во општина Кисела Вода, патничко возило марка „Даеву“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 35-годишниот М.К. од Скопје, удрило во пешакот З.Т. (59) од Скопје.
Во несреќата, жената се здобила со тешки телесни повреди кои биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
На местото на настанот бил извршен увид од увидна екипа на СВР Скопје, а истрагата за причините и околностите под кои се случила несреќата продолжува.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

