22 мај 2025
• од Вардарски
Тешка сообраќајна несреќа се случила на 19 мај 2025 година, околу 9 часот наутро, на сервисна улица која ги поврзува регионалниот пат Скопје – ХЕЦ Козјак со селото Батинци. Во несреќата, патничко моторно возило удрило 13-годишна девојка од селото Црн Врв, по што возачот побегнал од местото на настанот, информираат од Секторот за внатрешни работи Скопје.
Малолетничката се здобила со тешки телесни повреди, кои ѝ биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје.
Полицијата извршила увид на местото на несреќата, а истрагата за идентификација и пронаоѓање на возачот кој го напуштил местото е во тек.
Надлежните апелираат до граѓаните доколку располагаат со информации поврзани со несреќата, да се јават во најблиската полициска станица.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

