27 мај 2025
• од Вардарски
Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје утрово извршија претрес во селото Батинци, при што беше приведен 53-годишниот Е.Х. од истото село.
Претресот бил спроведен во 09:00 часот врз основа на претходно издадена судска наредба. При контролата на домот и другите простории што ги користел осомничениот, биле пронајдени и одземени три огнени оружја – пиштоли и вкупно 643 куршуми.
Од МВР информираат дека лицето било веднаш лишено од слобода, а по целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка за неовластено поседување оружје и муниција.
Случајот е во тек, а истрагата продолжува за да се утврдат сите околности поврзани со пронајденото оружје.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

