29 мај 2025
• од Вардарски
На 28 мај 2025 година, околу 13:20 часот, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола извршија претрес во дом во Битола, при што открија значителна количина на дрога и приведеа три лица.
При претресот, спроведен врз основа на судска наредба, биле пронајдени 13 паковки со кокаин, 143 таблети екстази, одредена количина на марихуана, како и дробилки и предмети со траги од растителна и прашкаста материја.
Во домот бил затекнат В.И. (24) од селото Белче, Демир Хисар, со привремен престој во Битола, кој бил лишен од слобода. Освен него, полицијата привела и уште две лица – М.П. (24) и М.А. (34), и двајцата од Битола.
По целосно документирање на случајот, против осомничените ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. Истражните органи продолжуваат со работа на случајот со цел утврдување на сите околности поврзани со нелегалната активност.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

