11 април 2025
• од Вардарски
На 10 април 2025 година, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција и ОВР Гостивар, во координација со Комисијата при Министерството за здравство, извршија претрес и вонредна контрола во фабрика за одгледување канабис за медицински цели, лоцирана во Гостивар. Акцијата беше спроведена по наредба на Основниот суд Гостивар, со цел проверка на исполнетоста на условите за работа согласно законските регулативи.
Фабриката, сопственост на лица од Република Албанија и Босна и Херцеговина, поседувала официјално одобрение за одгледување на канабис за медицински цели. Меѓутоа, при контролата, спроведена во присуство на еден од сопствениците А.К. (52) и вработениот Џ.И. (39) од Словенија, се констатирани сериозни неправилности во процесот на одгледување и ракување со растението.
Според полицијата, во објектот биле пронајдени две хали каде што се вршело сушење на канабис. Во една од нив биле откриени девет пластични буриња исполнети со сув цвет од канабис, за кои немало соодветна документација, што предизвикало сомнеж дека производството било наменето за нелегалниот пазар, а не за медицински цели.
По насоки од јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар, целиот пронајден канабис – и растенијата и сувиот материјал – е одземен и предаден во Агенцијата за управување со одземен имот. Сопственикот А.К. и вработениот Џ.И. се приведени и против нив ќе биде поднесена кривична пријава за прекршување на член 95-в од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци. Тие ќе бидат изведени пред Судија на претходна постапка во Основен суд Гостивар.
Оваа акција претставува дел од засилените контроли на институциите со цел спречување на злоупотреба на дозволите за медицинско производство на канабис, и борба против неговата дистрибуција на црниот пазар.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

