27 мај 2025
• од Вардарски
На 26 мај 2025 година, околу 23:30 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје извршија претрес во дом и други простории на лице на подрачјето на Кисела Вода, Скопје.
Претресот е извршен по претходно издадена судска наредба, а при акцијата е пронајдена и одземена марихуана. Лицето С.Н. (49) од Скопје е лишено од слобода и задржано во полициска станица, по насоки од надлежен јавен обвинител.
Случајот е во фаза на понатамошна постапка, а по негово целосно документирање, против С.Н. ќе биде поднесена кривична пријава.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

