Претрес во Колешино: Пронајдена марихуана, приведено едно лице
Во вечерните часови на 15 април 2025 година, полициски службеници од СВР Струмица извршија претрес во дом во село Колешино, при што беше пронајдена наркотична дрога и приведено едно лице.
Претресот, извршен со судска наредба, резултирал со пронаоѓање на околу 120 грама марихуана, како и дигитална вага со остатоци од истата супстанца. При акцијата, од слобода бил лишен 28-годишниот А.Т.Г. од истото село.
Приведеното лице е задржано во Полициската станица во Струмица, а за случајот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот, против А.Т.Г. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Полицијата најавува дека ќе продолжи со засилените активности во борбата против нелегалната трговија со дрога.