05 мај 2025
• од Вардарски
На 3 мај 2025 година, полициските службеници од Одделението за внатрешни работи (ОВР) Кочани спроведоа акција во која беа лишени од слобода пет лица осомничени за недозволено поседување и тргување со дрога.
Приведени се:
Со судски наредби, биле извршени претреси во домовите на М.Ц. и С.М. во Облешево и Чешиново, при што била пронајдена и одземена марихуана. Дополнително, кај Н.М. и Д.М. исто така била пронајдена марихуана, која според информациите, тие ја купиле претходно од А.Р. И во домовите на А.Р. и Н.М. биле извршени претреси со судски наредби.
Од ОВР Кочани информираат дека по целосното документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави против сите инволвирани лица.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

