10 февруари 2025
• од Вардарски
Претседателката на Северна Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, се обрати на Свечената академија по повод 80 години од започнувањето на наставата на современ македонски јазик во СОУ Гимназија „Јосип Броз – Тито“ во Битола. Настанот се одржа во Центарот за култура – Битола.
Во својот говор, претседателката истакна дека на 6 февруари 1945 година, во оваа гимназија, започна да се пишува автентичната македонска историја и да се живее оригиналната образовна приказна, за првпат на литературен македонски јазик и од Македонци. Таа нагласи дека професорите и учениците ја создаваа оваа историја преку предавање, учење, размислување и творење.
Во контекст на оваа изјава, се поставува прашањето: дали со овие тврдења дека првото училиште на македонски јазик било отворено во 1945 година, се потврдува тезата дека пред 1945 година немало македонски јазик?
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

