18 март 2025
• од Вардарски
Владко Начевски, близок пријател на музичарите од популарната македонска група ДНК, порача дека сите заедно мора да придонесеме за да ја поправиме состојбата во државата. Според него, проблемите се сериозни и големи, а корупцијата мора итно да биде запрена.
Неговата изјава доаѓа по трагичниот инцидент во Кочани, каде што во пожар што избувна на концертот на ДНК во една дискотека загинаа повеќе лица.
Начевски посочи дека неопходно е институциите да добијат поддршка во нивната битка со криминалот и корупцијата, но по завршувањето на истрагата, според него, потребни се оставки и преземање на одговорност.
Тој ја потенцираше загриженоста за голем број нерешени прашања околу трагичниот настан во Кочани, како што се зошто воопшто имало пиротехника, кој ја донел и зошто не биле обезбедени основните мерки за заштита и безбедност на посетителите.
Начевски исто така предупреди дека низ целата земја има голем број објекти со несоодветна изградба, кои не ги исполнуваат основните безбедносни услови. Според него, масовно се забележуваат и угостителски објекти кои работат без потребните документи и без јасни стандарди за безбедност.
Тој апелираше до надлежните институции и до целото општество дека е крајно време да се воведе ред, за да не се повторат вакви трагични настани и да се обезбеди сигурноста на сите граѓани.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

