15 мај 2025
• од Вардарски
На 14 мај 2025 година во СВР Скопје е поднесена пријава за случај на сексуално насилство врз малолетно лице, информира МВР преку дневниот билтен.
Пријавата била поднесена од 45-годишен жител на Скопје, кој навел дека на 12 мај, на подрачјето на Карпош, неговиот 14-годишен син бил жртва на обљуба од страна на друг малолетник. Според изјавата, насилството било извршено со употреба на закани и физичка сила.
Полицијата работи на целосно расчистување на случајот и презема мерки за утврдување на сите околности.
Поради природата на случајот и вклученоста на малолетни лица, идентитетите не се откриваат. Институциите апелираат за воздржаност во јавноста и почитување на правата на малолетниците.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

