25 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Основното јавно обвинителство во Штип поведе итна постапка против едно лице поради кривично дело – насилство согласно член 386 став 4 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.
Според обвинителството, инцидентот се случил на 24 август на стадионот „Бело Брдо“ во Штип, за време на натпревар меѓу младинските екипи на „Брегалница“ и „Шкупи“. Осомничениот извршил грубо насилство врз двајца фудбалери на „Беласица“, деца родени 2010 година, на кои им нанел телесни повреди.
Во 89-тата минута од натпреварот судијата досудил втор жолт картон за играч на „Шкупи“, кој воедно е син на осомничениот. Исклучувањето од игра предизвикало бурна реакција: најпрво играчот неспортски реагирал со удари кон противнички фудбалер, а потоа на теренот влегол неговиот татко.
Осомничениот започнал да ги удира со тупаници и клоци двајцата млади играчи на „Беласица“, нанесувајќи им повеќе набиеници и скршеница на нос без дислокација. Настанот предизвикал чувство на страв и несигурност кај оштетените, публиката и пошироката јавност.
Присутни лица од трибините влегле на теренот и спречиле понатамошна ескалација.
Јавниот обвинител достави предлог до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Штип за определување мерка притвор. Како причини се наведуваат сериозноста на делото, опасноста од бегство на осомничениот и можноста за повторување на кривичното дело.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

