03 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
Доколку до понеделник, 6 октомври, не биде исплатен долгот кон приватните превозници, автобусите на компаниите „Јофи Бус“, „Вестор Транс“ и „Радос Компани“ ќе сообраќаат само во утринската смена од 5 до 10 часот, со редуциран возен ред од 70 проценти.
Ова денеска го соопшти сопственикот на „Јофи Бус“, Јовица Зафировски, кој истакна дека долгот на ЈСП кон приватните превозници изнесува околу 170 милиони денари, од кои 90 милиони се веќе доспеани.
Превозниците нагласуваат дека долгот не е подмирен од април, односно повеќе од шест месеци.
„Доколку вработените во ЈСП можат да издржат без плата шест месеци, ние не можеме. Ќе почекаме до понеделник и ако не ни се исплатат средствата, ќе возиме само прва смена со 30 проценти капацитет“, рече Зафировски.
Тој додаде дека поради долговите кон бензинските пумпи, компаниите се соочуваат со закани од извршители.
На заедничката прес-конференција присуствуваше и директорот на ЈСП Скопје, Драги Кушовски, кој изјави дека долгот е значително помал од прикажаниот и дека изнесува околу 60 милиони денари.
„Од како сум директор, долгот се намалува. Треба да се престане со манипулација на граѓаните. ЈСП ги пушта сите автобуси што ги има, но е вистина дека има недостаток на возила. Не може приватниците да ги чуваат своите автобуси и да се влечат позади нашите“, истакна Кушовски.
На изјавата на Кушовски реагираа приватните превозници, кои инсистираат дека долгот е значително поголем. Двете страни бараа да се презентираат уплатите, но конкретни докази не беа приложени.
Приватните превозници признаа дека имале договор исплатите да се вршат според можностите на ЈСП, но нагласија дека добиле само мал дел од средствата. Според нив, последните уплати биле:
Доколку долгот не биде исплатен до понеделник, Скопје ќе се соочи со сериозно намален јавен превоз во утринските часови, што би можело да предизвика хаос за граѓаните кои секојдневно патуваат кон работа и училишта.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

