24 август 2025
• од Станча Јаќимовски
На магистралниот пат А2 во Кичево, полициски службеници вчера привеле 30-годишен возач кој со своето возило се движел со двојно поголема брзина од дозволената.
Според информациите од МВР, на 23 август 2025 година, околу 12:20 часот, при спроведена радарска контрола, било утврдено дека лицето Н.Ц. (30) од Кичево управувал патничко возило марка „БМВ“ со кичевски регистарски таблички со брзина од 125 километри на час. Прекршокот е извршен во населено место, каде максимално дозволената брзина е 50 километри на час.
По утврдувањето на прекршокот, возачот веднаш бил исклучен од сообраќај. Потоа бил лишен од слобода и задржан во полициската станица во Кичево за понатамошна постапка.
Од полицијата повторно апелираат до возачите да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и ограничувањата на брзината, особено во населени места, со цел да се намали бројот на сообраќајни несреќи и да се заштити безбедноста на сите учесници во сообраќајот.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

