27 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
На 27 септември 2025 година, во 03:45 часот, на улицата „Борка Талески“ во Прилеп, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај при ОВР Прилеп привеле 50-годишен државјанин на Англија со иницијали М.Џ.Х., кој престојува привремено во Прилеп.
Според информациите на Министерството за внатрешни работи, при рутинска сообраќајна контрола било запрено патничко возило марка „Сеат“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од лицето. По извршената проверка било констатирано дека возачот управувал под дејство на алкохол. Тестирањето покажало присуство од 1,60 промили алкохол во крвта.
Возачот е задржан во полициска станица, а за случајот е известен јавен обвинител. По целосното документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

