Приведен 70-годишен скопјанец во Охрид – ќе одлежи двегодишна затворска казна за кражби
На 21 мај 2025 година, околу 15:10 часот, полициски службеници од СВР Охрид привеле лице на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид. Станува збор за Р.Б. (70) од Скопје, кој бил баран со централна потерница по наредба на Основниот кривичен суд Скопје.
Лицето е осудено на казна затвор во траење од две години поради извршени повеќе кривични дела од типот „кражба“, согласно член 235 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија.
По приведувањето, Р.Б. е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Идризово, каде ќе ја издржува изречената казна.