25 април 2025
• од Вардарски
На 24 април 2025 година, околу 23:30 часот, на Граничниот премин Табановце на излез од државата, полициски службеници привеле 29-годишен државјанин на Република Грција, идентификуван како Н.К.
При рутинска гранична контрола и преглед на возилото со германски национални ознаки што го управувал осомничениот, биле пронајдени поголем број разновидни пиротехнички средства. Поради пронајденото, лицето било лишено од слобода и задржано во полициска станица.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосното документирање на случајот и во координација со јавен обвинител, против Н.К. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

