Приведен крадец од Дојранско – украдените предмети ќе бидат вратени на сопствениците
На 10 април 2025 година, околу 15:45 часот, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го привеле 21-годишниот Г.Ј. од село Црничани, општина Дојран, под сомнение за извршени кражби на територијата на општината.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, Г.Ј. се сомничи дека во текот на април оваа година извршил две кражби – едната во објект во изградба, а другата во дворно место од куќа во Дојран.
По наредба на надлежен суд, извршен бил претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземените предмети. Истите ќе бидат вратени на сопствениците.
За случајот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на настанот, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна пријава.