29 април 2025
• од Вардарски
На 28 април 2025 година, во 14:20 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица привеле 44-годишен скопјанец со иницијали С.А., кој се обидел нелегално да ја премине државната граница од Република Северна Македонија кон Република Грција.
При извршената полициска проверка било утврдено дека лицето е баран со потерница за издржување на затворска казна во траење од четири години и 10 месеци. По приведувањето, С.А. е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Штип за издржување на изречената казна.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека продолжуваат со засилените контроли на граничните премини со цел спречување на вакви и слични кривични дела.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

