24 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Охридската полиција ноќеска приведе 30-годишен жител на Охрид, откако при контрола било утврдено дека управувал моторно возило под дејство на алкохол.
Инцидентот се случил на 24 август 2025 година, во 00:30 часот, на булеварот „Туристичка“ во Охрид. Полициските службеници од СВР Охрид запреле патничко возило марка „Опел“ со скопски регистарски ознаки.
По извршената проверка, било констатирано дека возачот Ѓ.Ѓ. (30) од Охрид управувал со 1,62 промили алкохол во крвта.
Возачот е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

