22 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Во раните утрински часови на 20 септември 2025 година, полициски службеници од СВР Скопје привеле 41-годишен руски државјанин со иницијали О.В., кој живее во Германија.
Според информациите, околу 00:45 часот во угостителски објект на подрачјето на општина Центар во Скопје, приведениот се однесувал агресивно, предизвикувајќи нарушување на јавниот ред и мир. Во текот на интервенцијата, тој и омаловажувал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.
По повикот и пријавата, полицијата пристигнала на местото на настанот и околу 01:45 часот го привела нарушителот.
Од МВР соопштија дека по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

