23 април 2025
• од Вардарски
На 22 април 2025 година, во попладневните часови, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Велес го привеле 45-годишниот Г.Ш. од Велес. Тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна во траење од осум години.
Судската пресуда се однесува на сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ со смртни последици, кривично дело казниво по член 131 став 4 во врска со став 3 од Кривичниот законик.
По приведувањето, лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово, каде ќе ја издржува досудената казна.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

