29 април 2025
• од Вардарски
На 28 април 2025 година, во 14:50 часот, на патниот правец Гостивар–Тетово, кај клучката Жеровјане, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово привеле 40-годишен возач од село Мала Речица.
Лицето Н.Р. било затекнато како управува патничко моторно возило од марката „БМВ“ со гостиварски регистарски таблици, возејќи со брзина од 151 километар на час на место каде што максимално дозволената брзина е 80 километри на час. Поради сериозното прекршување на правилата за сообраќајна безбедност, возачот бил веднаш лишен од слобода.
Тој е задржан во полициска станица, а по целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок согласно член 297-а од Кривичниот законик, за кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“.
Надлежните апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и ограничувањата на брзината со цел да се зачува безбедноста на патиштата.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

