07 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Полициските службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај при ОВР Кавадарци во раните утрински часови го привеле Т.П. (58) од Скопје. Тој бил сопрено на улицата „Кочо Рацин“ во Кавадарци во 01:35 часот и при спроведена сообраќајна контрола било утврдено дека управувал патничко возило „Фолксваген Голф“ со кочански регистарски таблички под дејство на алкохол. Кај него биле измерени 2,13 промили алкохол во крвта.
Лицето Т.П. е задржано во полициската станица, а за случајот е известен јавен обвинител. По целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена кривична пријава за „безобѕирно управување со моторно возило“ согласно член 297-а од Кривичниот законик.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

