29 април 2025
• од Вардарски
На 28 април 2025 година, во 20:03 часот, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи (ОВР) Македонски Брод го лишиле од слобода 56-годишниот С.В. од Македонски Брод. При редовна сообраќајна контрола на патот кон селото Манастирец, полицијата сопрела патничко моторно возило „Опел“ со регистарски таблички од Македонски Брод, управувано од С.В.
По преземените мерки било утврдено дека возачот управувал со возилото под дејство на алкохол. При тестирањето, кај него биле измерени 2,82 промили алкохол во крвта. С.В. веднаш бил исклучен од сообраќајот и приведен во полициска станица.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава за „безобѕирно управување со моторно возило“ согласно член 297-а од Кривичниот законик.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

