22 април 2025
• од Вардарски
На 21 април 2025 година, полициските службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово привеле две лица од тетовскиот регион, кои управувале возила со значително поголема брзина од дозволената.
Првиот инцидент се случил околу 15:00 часот на регионалниот пат Тетово – село Јажинце, на влезот во село Теарце. Приведен бил 28-годишниот Е.А. од село Порој, кој управувал патничко возило марка „Фолксваген Голф“ со тетовски регистарски ознаки. Тој бил фатен како вози со брзина од 103 км/ч, иако максималната дозволена брзина на таа делница во населено место е 50 км/ч.
Вториот случај е регистриран истиот ден, во 18:54 часот, на автопатот Скопје – Тетово, на местото викано „Студена вода“. Таму бил приведен 35-годишниот С.Р. од село Ѓермо, кој со своето возило „БМВ“ со германски национални ознаки се движел со брзина од 173 км/ч, иако дозволената брзина на таа делница, надвор од населено место, е 100 км/ч.
Двајцата возачи биле задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави согласно член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Полицијата повторно апелира до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат кон сообраќајните прописи и ограничувањата на брзината, со цел зголемување на безбедноста на патиштата.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

