03 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Бугарскиот историчар проф. Стефан Дечев предупредува дека изјавите на македонскиот премиер Христијан Мицкоски, поврзани со пресудите на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) и македонското малцинство во Бугарија, се политички и правно погрешни.
„Ниту една од тие пресуди не го содржи терминот ‘македонско малцинство’. Се работи за случаи што се однесуваат на повреда на правото на здружување, а не на признавање на некакво етничко малцинство“, изјави Дечев.
Тој објаснува дека ЕСЧП донел неколку пресуди против Бугарија во кои утврдил прекршување на правото на здружување на одредени организации што се декларирале како македонски. Но, според него, тоа не значи дека судот признал постоење на македонско малцинство во Бугарија.
„Мицкоски свесно го извртува значењето на пресудите. Судот не влегува во прашањето за етнички идентитет, туку се држи до прашањето на слободата на здружување според Европската конвенција“, додава професорот.
Дечев исто така укажува на честа злоупотреба на пописите од 1946 и 1956 година, кои, според него, не се веродостоен доказ за постоење на трајно и органско македонско малцинство во Пиринска Македонија.
„Тие пописи беа резултат на тогашната политика на приближување меѓу Југославија и Бугарија. Податоците се резултат на политички притисок, не на етничка реалност“, вели Дечев.
Историчарот апелира на разумен и прецизен пристап кон историските и правните теми, предупредувајќи дека искривувањето на фактите може да ги продлабочи тензиите меѓу двете земји.