TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА

Проф. Трајковски: Јаглеродните царини на ЕУ – сериозен удар за македонскиот извоз

03 јануари 2026

• од Станча Јаќимовски

Од 1 јануари 2026 година Европската Унија официјално го активираше CBAM (Carbon Border Adjustment Mechanism) – таканаречената јаглеродна царина, механизам чија цел е да ги изедначи трошоците за јаглеродни емисии меѓу компаниите во ЕУ и оние надвор од неа. Додека европските производители со години плаќаат за емисиите преку ETS системот (Emissions Trading System), производителите од трети земји досега извезуваа без ваков трошок. Тоа од денес се менува – а Македонија, како и многупати досега, ја пречекува оваа промена целосно неподготвена.

Што е CBAM и кого погодува?

CBAM претставува механизам со кој ЕУ увозниците ќе мора да купуваат специјални сертификати за да ги покријат емисиите на CO₂ „вградени“ во производите што ги увезуваат. Првенствено се опфатени јаглеродно интензивните сектори: челик и железо, цемент, алуминиум, ѓубрива, електрична енергија и водород.

Иако формално обврската за плаќање е кај увозникот во ЕУ, економската реалност е јасна – трошокот ќе биде префрлен врз производителот, односно извозникот од Северна Македонија. Увозникот едноставно ќе ја намали набавната цена за износот што го плаќа за CBAM сертификатите.

Колку ќе чини ова за македонските извозници?

Не постои фиксна сума. Трошокот зависи од:

  • количината на CO₂ емисии по производ,
  • јаглеродната интензивност на производствениот процес,
  • моменталната цена на ETS дозволите во ЕУ.

Во моментов, цената на ETS дозволите се движи меѓу 60 и 100 евра по тон CO₂, а CBAM ќе ја следи истата динамика. За производи како челикот, цементот или електричната енергија од јаглен, ова значи драматично зголемување на трошоците при извоз во ЕУ.

Примерот со електричната енергија – сурова економска реалност

Производството на 1 MWh електрична енергија од јаглен создава околу 1,1 тон CO₂. При цена од 80 евра по тон, тоа значи дополнителен трошок од околу 88 евра по MWh. Ако таа струја се продаде на европска берза за 100 евра/MWh, на производителот му остануваат само 12 евра – далеку под реалната производна цена од околу 110 евра/MWh. Резултатот е јасен: чиста загуба и практично стопирање на извозот на електрична енергија од јаглен.

Македонија без национална јаглеродна политика – подарок за ЕУ

Дел од CBAM трошокот може да се компензира доколку земјата на потекло има воведено сопствени јаглеродни давачки. Но, Македонија сè уште нема национален јаглероден данок. За разлика од нас, Србија воведе јаглеродна такса (иако симболична, околу 4 евра/тон), а Турција е во завршна фаза на сличен систем.

Наместо да воведе национален јаглероден данок од 20–30 евра по тон CO₂ и тие средства да ги задржи дома за инвестиции во обновливи извори на енергија, Македонија се откажува од тие приходи. Со тоа, практично ѝ подарува пари на ЕУ, а домашната економија останува без средства за декарбонизација.

Удар врз конкурентноста и профитабилноста

Македонските извозници ќе се соочат со двоен притисок:

  1. Ќе мора да инвестираат во мерна опрема и системи за точно следење и докажување на сопствените емисии.
  2. Ќе бидат принудени да ги намалуваат цените за да останат конкурентни, што директно ја јаде профитната маржа.

Доколку не можат да докажат реални емисии, ќе бидат оданочени по највисоките „дифолт“ вредности – што дополнително ја влошува состојбата.

Најранливите сектори

Најпогодени ќе бидат:

  • индустриите со ниски профитни маржи (цемент, челик, алуминиум),
  • енергоинтензивните производи,
  • небрендираните производи што лесно се заменуваат со други добавувачи.

Во вакви услови, компаниите имаат само три опции: да го намалат производството, да се пренасочат кон пазари надвор од ЕУ или да се затворат.

Што е вистинското решение?

Целта на ЕУ е јасна – да го обесхрабри „валканото“ производство и да ги натера производителите да инвестираат во чиста енергија. Единствениот одржлив излез за Македонија е:

  • воведување национален јаглероден данок,
  • задржување на приходите во земјата,
  • нивно насочување кон обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност.

CBAM не е административна формалност, туку сериозен економски предизвик. Доколку државата не реагира навреме, последиците ќе бидат јасни: намалена профитабилност, изгубени пазари и постепено уривање на извозната индустрија.

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
Последни вести
МАКЕДОНИЈА
07 март 2026

Жерновски до Мицкоски: Ако ветувавте враќање на името, зошто не го направите тоа сега?

МАКЕДОНИЈА
07 март 2026

Клиника за психијатрија: Над 40 проценти од граѓаните имаат проблеми со сонот

МАКЕДОНИЈА
07 март 2026

Филипче: Постојат сомнежи дека системот „Safe City“ штити лица блиски до ВМРО-ДПМНЕ

МАКЕДОНИЈА
07 март 2026

Трендафилов: Ако нема договор за зголемување на платите, ќе има општ штрајк

СВЕТ
07 март 2026

Атанас Атанасов предлага Бугарија да се приклучи кон францускиот „нуклеарен чадор“

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
07 март 2026

Села, Азири и Даути ја поддржаа иницијативата правосудниот испит да се полага и на албански јазик

МАКЕДОНИЈА
07 март 2026

Возачи, внимание: Суспензијата на возачката дозвола започнува по вториот СМС

СВЕТ
07 март 2026

Високобрзински возови во Бугарија: Софија – Варна за 2 часа?

МАКЕДОНИЈА
07 март 2026

Нафтата се очекува да „експлодира“: Што ја очекува Северна Македонија?

ДРУГО
07 март 2026

Денес се одбележува наоѓањето на моштите на многубројните маченици во Евгенија

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
06 март 2026

Реза Пахлави: Иранскиот режим ги напаѓа соседните земји

СВЕТ
06 март 2026

Поради кризата во Иран, ЕУ состаноците во Кипар ќе се одржат онлајн

СВЕТ
06 март 2026

Баку: Иран планирал напади врз четири цели во Азербејџан

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Филипче: Му кажа ли Мицкоски на Руте дека ќе го врати името на државата?

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Еди Рама до децата од Битола: Чувајте го албанскиот јазик каде и да живеете

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Филипче: Ниту три минимални плати не се доволни за преживување во еден месец

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Без грижа: Државата уверува дека има доволно залихи на нафта

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Скопјанец пукал кон сопругата и се заканувал на ќерките – полицијата го приведе

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Вајц: Северна Македонија не може повторно да преговара за Бугарите во Уставот

СВЕТ
06 март 2026

Патниците повторно летаат од Дубаи по затворањето на небото

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
06 март 2026

Најмалку 20% од студентите по медицина ќе бидат обврзани да работат во Бугарија

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Бугарија реагира по новиот вандализам врз бугарскиот клуб “Иван Михајлов“ во Битола

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Само 8 проценти од Ромките се вработени, повеќето се соочуваат со дискриминација на работното место

СВЕТ
06 март 2026

Во голема евакуациска операција Бугарија веќе извлече стотици свои државјани од Блискиот Исток

СВЕТ
06 март 2026

Бугарија шеста по економски раст во Европската Унија

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
06 март 2026

Доналд Џ. Трамп: Нема договор со Иран освен безусловна капитулација

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Трендафилов: На 14 март повторно на улица – протест за повисоки плати

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Филипче: Работниците едвај преживуваат, а власта им порачува да не одат на одмор

TEMU

Реклама

Ненадминливи Понуди Дневно

ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии

4.8 (10276 рецензии)


54 ден

206 ден
73% ПОПУСТ

Заштедете 152.00 ден

Купи сега