14 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Вчера, околу 14:05 часот, во Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Меџитлија се случил инцидент во кој полициски службеник е повреден при ракување со сопственото оружје. Според информациите, при рутинска проверка на личното огнено оружје, полицаецот ненамерно испукал еден куршум, при што се здобил со повреда на раката.
Од Министерството за внатрешни работи информираа дека за настанот веднаш бил известен јавен обвинител, како и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди. Истовремено, во постапката е вклучен и трудов инспектор. Надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на околностите кои довеле до ненамерниот инцидент.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

