македонија05 февруари 2025 Професорот Калајџиев за возачот кој ја усмрти Фросина: И да добил затвор ништо немало да се промени
Професорот по кривично право, Гордан Калајџиев на социјалните мрежи ја коментираше тезата дека сообраќајната несреќа во која смртно беше прегазена Фросина Кулавкова, немала да се случи ако возачот добил затворска казна.
„Тезата дека сообраќајката немала да се случи ако возачот добил затворска казна е неточна и лаичка! Тој сѐ уште не е правосилно осуден и се чека одлука од Апелација. Тоа значи дека и да добил затвор ништо немало да се промени“, напиша тој.