25 април 2025
• од Вардарски
На 24 април 2025 година, околу 22:40 часот, во Секторот за внатрешни работи Охрид е пријавено дека на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид патничко возило удрило во пешак и го напуштило местото на настанот. Во несреќата повреден е пешакот Е.С. (59) од Охрид, кој со тешки телесни повреди бил пренесен во болницата „Св. Еразмо“.
Со преземање на соодветни мерки, полициските службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид утврдиле дека во инцидентот било вклучено патничко моторно возило од марката „Фолксфаген Ап“ со охридски регистарски ознаки, управувано од С.П. (24) од Охрид.
По извршено алкотестирање, кај возачот, како и кај пешакот, не било утврдено присуство на алкохол во организмот.
Увид на местото на несреќата извршила екипа на СВР Охрид по овластување на јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против возачот С.П. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

