23 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Во Скопје е пронајдена 14-годишната Ј.А. од Струмица, за која претходно било пријавено дека исчезнала од домот во кој привремено престојувала со своето семејство во Охрид, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
На 22 август 2025 година, во 16:50 часот, во СВР Охрид, Е.А. (45) од Струмица пријавил дека неговата малолетна ќерка се оддалечила од домот во кој престојувале. Според неговата изјава, девојчето било исчезнато од пред два дена.
Таткото на социјалната мрежа Фејсбук добил порака од жена од Скопје, која му соопштила дека неговата ќерка се наоѓа во нејзиниот дом, дека таму дошла доброволно и дека таа ќе ја омажи за својот брат.
И покрај ваквите тврдења, пријавувачот се сомневал дека девојчето не отишло самоиницијативно, бидејќи немало средства за патување. Се претпоставува дека било измамено од лицата кои ја однеле во Скопје.
По преземените мерки и активности, полицијата ја пронашла малолетничката во Скопје. На 22 август околу 22:30 часот, во полициска станица бил извршен службен разговор со Р.Б. (20) од Скопје, поради сомнение дека е инволвирана во случајот.
Од МВР информираат дека по целосното документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

