26 мај 2025
• од Вардарски
Не се одржа првото рочиште во Основниот кривичен суд во Скопје против Зоран Јованов, татко на Васил Јованов, кој е обвинет за кривично дело – предизвикување општа опасност. Според обвинението, Јованов свесно му дозволувал на синот да управува со возило и покрај тоа што тој немал возачка дозвола, што кулминираше со трагичната сообраќајна несреќа во која животот го загуби младата Фросина Кулакова.
Судењето го води судијката Љубинка Башеска, која на закажаното прво рочиште констатираше дека не се исполнети условите за одржување на расправата, поради што рочиштето беше одложено за крајот на следниот месец.
Според обвинителниот акт, Зоран Јованов во период од две години му го доверувал возилото „Пежо 207“ на својот син Васил, иако бил свесен дека тој не поседува возачка дозвола и има богато досие од сообраќајни прекршоци и деликти. Обвинителството наведува дека со тоа Јованов свесно го изложил на опасност животот и телото на други лица.
Во обвинението се потенцира дека Васил Јованов до моментот на несреќата имал зад себе:
Обвинителството смета дека Зоран Јованов постапувал со очигледна небрежност и лекомисленост, и покрај сите индиции дека неговото дејствување може да доведе до сериозни последици, верувал дека истите сепак нема да настапат.
Следното рочиште е закажано за крајот на јуни, кога се очекува процесот конечно да започне. Случајот ја вознемири јавноста, особено поради фактот што станува збор за системски пропусти и долгогодишна толеранција на сериозни сообраќајни престапи.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

