29 март 2025
• од Вардарски
На социјалните мрежи се појави видео-снимка на која се гледаат грчки војници како за извикуваат националистички пароли, меѓу кои и тврдењето дека „Македонија е грчка“, како и навреди упатени кон Турција. Видеото брзо се прошири и предизвика реакции, особено во регионот.
Овој инцидент се смета за провокација, бидејќи ваквите скандирања доаѓаат од припадници на грчката армија, која како државна институција има обврска да се однесува одговорно и во духот на добрососедските односи.
Содржината на видеото беше осудена од дел од јавноста како говор на омраза, кој може да ги наруши дипломатските односи и да предизвика тензии меѓу земјите во регионот.
Досега нема официјална реакција од грчкото Министерство за одбрана, ниту најави за можни дисциплински мерки против учесниците во инцидентот.
Останува да се види дали надлежните институции ќе преземат чекори во насока на одговорност и спречување на слични инциденти во иднина.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

