13 февруари 2025
• од Гоце Кически
Товарен воз излетал од шините во вторникот, на 11 февруари, додека патувал по рутата Гевгелија-Солун, која ги поврзува земjава со Грција.
Нема повредени ниту меѓу екипажот на возот, ниту меѓу случајни минувачи. Според информациите од Hellenic Train, приватниот оператор на грчкиот железнички систем, проблемот се појавил кај задната оска на втората локомотива, која делумно излетала од шините.
Инцидентот се случил кога дизел-локомотива била испратена да извлече електрична локомотива што претходно заглавила во близина на Идомени, на границата со Северна Македонија. Меѓутоа, при пристигнување кај Поликастро, околу 20 километри јужно од Идомени, дизел-локомотивата излетала од шините.
Причина за инцидентот, според првичните извештаи од грчките медиуми, биле техничките проблеми со електричната локомотива, која предизвикала преголем притисок врз шините. Оштетена е железничката линија во должина од три километри на делницата Поликастро-Идомени.
Како резултат на тоа, делницата ќе биде затворена најмалку два месеца за извршување на неопходните поправки. За време на овој период, меѓуграничните рути меѓу Северна Македонија и Грција ќе бидат пренасочени преку Бугарија
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

