27 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
На скопскиот Бит Пазар вчера попладне се случил сериозен инцидент по расправија околу сообраќајна незгода, при што едно лице било повредено со остар предмет, а потоа биле испукани и неколку куршуми.
Според информациите на Скопје1.мк, во СВР Скопје на 26 октомври 2025 година во 17:35 часот било пријавено нарушување на јавниот ред и мир на подрачјето на Бит Пазар. До инцидентот дошло по расправија меѓу Б.Б. (21) и друго машко лице.
Во текот на физичката пресметка, едното лице употребило остар предмет и му нанело повреда на Б.Б. По кратко време, напаѓачот се вратил на местото на настанот и испукан неколку истрели од огнено оружје, но за среќа нема други повредени лица.
Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителот.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

