27 мај 2025
• од Вардарски
Во сериозен оружен инцидент што се случил вечерва во Тетово, две непознати лица на скутер отвориле оган кон семејна куќа, пукајќи од автоматско оружје. Нападот се случил околу 21:15 часот на улицата „111“ во населбата „Теќе“, а за среќа, нема повредени.
Според информациите од портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи, пукано било во куќата сопственост на лицето М.Т. од Тетово. Напаѓачите веднаш по нападот избегале од местото на настанот.
– На местото на настанот се пронајдени околу 30 чаури од автоматско оружје. Во моментот на пукањето, во куќата се наоѓале сопственикот и неговото семејство. На куќата има видливи оштетувања, изјави Реџепи.
Случајот е пријавен до јавен обвинител, а увид на местото на настанот врши екипа на СВР Тетово. Се преземаат мерки и активности за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на случајот.
Настанот ја вознемири локалната заедница и повторно го покрена прашањето за јавната безбедност во градот.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

