07 февруари 2025
• од Вардарски
На 06.02.2025 во СВР Куманово било пријавено дека при извршување работни задачи за приватна фирма во село Кетеново, кратовско, А.Р.(35) од Бангладеш се заглавил во работна машина за правење бетон и од здобиените повреди починал на местото на настанот.
Лекар констатирал смрт, а за настанот биле известени јавен обвинител и трудов инспектор.
Увид извршила екипа од СВР Куманово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

