03 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
Претседателот на Бугарија, Румен Радев, изјави дека вистинскиот напредок во односите со Република Северна Македонија е можен само преку соочување со историската вистина и почитување на заедничките корени.
Настапувајќи на официјалната презентација на фототипското издание на „Македонскиот алманах“, објавен во 1940 година во Индијанаполис од Македонската патриотска организација (МПО), Радев нагласи дека ова дело претставува непроценлив доказ за вековната борба на македонските Бугари за зачувување на идентитетот и јазикот.
„За да продолжиме напред како општество свесно за своите корени и да изградиме односи на добрососедство и доверба со нашите браќа од Република Северна Македонија, мора да направиме исчекор кон историската вистина. Не само младите, туку и политичарите мора да го познаваат и развиваат ‘Македонскиот алманах’ – дело на нашите предци кое сведочи како се брани бугарскиот дух и јазик, дури и во емиграција,“ истакна Радев.
Тој потсети дека страниците на оваа книга претставуваат цела епоха исполнета со идеали, стремежи и национални каузи, кои ги обединиле Македонците со бугарско потекло во заедниците во САД, Канада и Австралија.
„Алманахот ја отсликува борбата и посветеноста на нашите сонародници, кои во странство создавале училишта, цркви и народни домови, останувајќи силно врзани со својата татковина и нејзината борба за слобода и правда,“ додаде бугарскиот претседател.
Со ова Радев испрати порака дека историската меморија и културното наследство се клучни темели врз кои треба да се градат идните односи меѓу Бугарија и Северна Македонија.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

