16 март 2025
• од Вардарски
Амбасадата на Република Бугарија во Скопје излезе со важно известување во врска со трагедијата во Кочани, при што настрадаа повеќе лица. Бугарската дипломатска мисија информира дека на семејствата на жртвите, чии блиски се хоспитализирани во Софија, Пловдив и Варна, им е обезбеден превоз и сместување за потребниот период на лекување.
Во соопштението, Амбасадата ги повикува членовите на потесните семејства на повредените да се обратат за помош преку следните телефонски броеви:
📞 +389 2 32 29 444
📞 +389 2 32 46 491
📞 +389 75 280 013 (мобилен)
Бугарскиот амбасадор во Скопје, Жељазко Радуков, ја потврди подготвеноста на Бугарија да обезбеди поддршка за засегнатите семејства, нагласувајќи ја важноста на солидарноста и хуманоста во вакви тешки моменти.
Амбасадата останува на располагање за сите дополнителни информации и помош во врска со ситуацијата.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

