22 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против 51-годишниот Д.А., раководител на сектор во општина Шуто Оризари, под сомнение дека со злоупотреба на службената положба незаконски присвоил 58.000 евра од буџетот на општината.
Според истрагата, во текот на крајот на 2023 година, осомничениот изготвил пет лажни налози за исплата на средства од буџетската сметка на општината, под изговор дека тие се наменети за одржување на училишни објекти. За да го реализира планот, тој го злоупотребил општинскиот печат и скратениот потпис на актуелниот градоначалник.
Со ваквиот механизам, од трезорската сметка на општината биле исплатени вкупно 3.600.000 денари (околу 58.000 евра). Три налози биле префрлени на сметка на фирма од Скопје, додека другите два биле насочени кон фирма што самиот Д.А. ја формирал и во која фигурирал како сопственик.
Со овие незаконски активности бил сериозно оштетен буџетот на општината Шуто Оризари. Полицијата соопшти дека против Д.А. е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје за кривичното дело „Измама во службата“, казниво по член 355 став 3 од Кривичниот законик.
Надлежните институции најавуваат дека ќе продолжат со засилени контроли за да се спречат вакви злоупотреби и да се заштитат јавните средства.
Владата ќе троши 383.000 евра за кампања за придобивките од членството во ЕУ
Руте: Мора да обезбедиме Путин никогаш повеќе да не се обиде да ја нападне Украина
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден