27 септември 2025
• од Вардарски
Генералниот секретар на крилото во Алијансата за Албанците на Зијадин Села, Блеранд Рамадани, кој воедно е и кандидат за градоначалник на Сарај од редовите на опозициската коалиција со ДУИ и Али Ахмети, излезе со порака за заедништво и рамноправност меѓу Албанците и Македонците.
На отворањето на изборниот штаб на нивната коалиција Национална алијанса за интеграција (НАИ) во селото Долнени, Рамадани истакна дека Албанците во Македонија треба да бидат признаени како државотворен народ, напоредно со Македонците.
„Иднината не се гради врз поделба, туку врз партнерство и соработка. Албанци и Македонци, само како рамноправни државотворни народи можеме да ја одведеме напред оваа земја,“ порача Рамадани, пренесе албанскиот информативен портал „Тетова сот“.
Со оваа изјава, тој ја повтори долгорочната цел на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, како и на неговата партија – Албанците во Македонија уставно да добијат статус на рамноправен државотворен народ.
Преку социјалните мрежи, Рамадани ја објави и својата порака од Долнени:
„Отворањето на штабот на Националната алијанса за интеграција е чекор што сведочи за нашето единство и решителност. Од ова место испраќам јасна порака: иднината не се гради врз поделба, туку врз партнерство и соработка.“
Со оваа реторика, кандидатот за градоначалник на Сарај ја истакнува својата политичка визија за иднината на државата, каде што, според него, само преку рамноправност и заедничко дејствување на двата најголеми народи може да се обезбеди стабилност и просперитет.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

