15 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Директорката на Државниот архив, проф. Наташа Котлар Трајкова, вчера била разрешена од функцијата по телефонска порака добиена од кабинетот на премиерот, без при тоа да ѝ биде понудено официјално образложение. Како што изјави за ТВ24, повикот го добила додека била на работното место, при што ѝ било соопштено дека повеќе не ја извршува директорската функција.
Според Котлар, разрешувањето можеби е поврзано со интервју од август во кое таа упатила критики кон македонската дијаспора во Австралија. Сепак, како главна причина таа го посочува, како што тврди, стремежот на нејзиниот заменик – кадар на ВМРО-ДПМНЕ – да ја преземе функцијата. Котлар вели дека од самиот почеток била изложена на психолошки притисоци и дека заменикот донесувал најголем дел од одлуките во институцијата.
Иако и самата важи за кадар блискa до ВМРО-ДПМНЕ и беше кандидат за градоначалник на Општина Центар на локалните избори во 2021 година, Котлар тврди дека одлуката дошла ненадејно и без јасно, официјално објаснување.
Од Владата за ТВ24 ја потврдиле информацијата за разрешувањето, посочувајќи дека станува збор за „кадровско освежување“.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

