TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА

Родителите на загинатите во ПУЛС до Обвинителството: „Кој ќе одговара во МВР?“

31 мај 2025

• од Станча Јаќимовски

Родителите на младите жртви кои трагично го загубија животот во пожарот во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани упатија остри обвинувања кон Јавното обвинителство и институциите, барајќи одговорност и правда. Тие денеска јавно се обратија до обвинителите, тврдејќи дека клучни лица сè уште не се повикани на распит, и покрај постоењето на конкретни докази за институционални пропусти.

„Останаа 46 осомничени, а многу од вистинските виновници не се ни повикани. Ако вие не можете, ние ќе ви покажеме каде да барате. Нема да дозволиме да манипулирате со нашата болка“, истакнаа родителите, кои најавија дека сите информации ќе бидат јавно објавени на социјалните мрежи.

Пулс работел без дозвола – каде беа институциите?

Родителите посочуваат дека објектот каде што се случи трагедијата работел без соодветна дозвола за пренамена, додека наемнината се плаќала на рака. Тие прашуваат дали Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), Министерството за внатрешни работи (МВР), УЈП и Општина Кочани извршиле какви било контроли и дали постојат записници што покажуваат дека објектот не ги исполнувал условите.

„Еден градоначалник се жалел за бучавата. Што презеде? Дали некоја институција постапила? Сите молчат“, нагласија родителите.

Фалсификувана лиценца – институциите немо гледале?

Родителите потсетија и на случајот со фалсификуваната лиценца, кој беше јавно обелоденет од премиерот, прашувајќи како е можно цели 12 месеци „Пулс“ да работи со неважечка и лажна документација.

„Во Законот за угостителска дејност стои дека Министерството за економија има обврска да го извести субјектот пред истекот на лиценцата. Зошто никој не реагирал?“, прашаа родителите, наведувајќи ги одговорните институции: МВР, УЈП, ДПИ, Санитарен инспекторат и локалната самоуправа.

Поставени прашања за одговорноста на МВР

Родителите беа особено критични кон МВР, барајќи одговорност за дозволувањето на работа на клубот под нелегални услови, како и за непостапување по повеќе индикации за нерегуларности. Тие истакнаа дека МВР има надлежности за проверка на јавен ред, работно време, продажба на алкохол на малолетници, па дури и употреба на пиротехнички средства.

„Кој набавил пиротехнички материјали? Имаше ли дозвола? Кој ракувал со нив? Сето тоа е надлежност на МВР. Смената на командири не е доволна – треба темелна истрага“, порачаа родителите.

УЈП и прашањето за блокираната сметка

Во излагањето беше спомнато и дека „Пулс“ функционирал со блокирана сметка, а УЈП не ја затворила фирмата, иако постоела законска обврска. Според родителите, последна контрола била извршена во декември 2024 година, каде биле утврдени нерегуларности, но објектот продолжил да работи.

„Дали некој ја стопирал постапката за затворање? И зошто?“, прашуваат родителите, нагласувајќи дека се работи за синџир од институционални пропусти.

„Нема да застанеме – вистината ќе излезе на виделина“

Во крајот на обраќањето, родителите порачаа дека нема да престанат да ја бараат правдата и дека, доколку е потребно, ќе го интернационализираат случајот.

„Ќе ја бараме вистината до крај. Ако домашните институции не постапат, ќе ја побараме правдата на меѓународно ниво. Законот мора да важи за сите“, изјавија тие.

Трагедијата во „Пулс“ ја отвори болната рана на нефункционалниот систем на надзор и одговорност. Јавноста сè појасно гледа дека смените на неколку лица не се доволни. Родителите не бараат освета – тие бараат одговорност.

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
Последни вести
МАКЕДОНИЈА
07 март 2026

Жерновски до Мицкоски: Ако ветувавте враќање на името, зошто не го направите тоа сега?

МАКЕДОНИЈА
07 март 2026

Клиника за психијатрија: Над 40 проценти од граѓаните имаат проблеми со сонот

МАКЕДОНИЈА
07 март 2026

Филипче: Постојат сомнежи дека системот „Safe City“ штити лица блиски до ВМРО-ДПМНЕ

МАКЕДОНИЈА
07 март 2026

Трендафилов: Ако нема договор за зголемување на платите, ќе има општ штрајк

СВЕТ
07 март 2026

Атанас Атанасов предлага Бугарија да се приклучи кон францускиот „нуклеарен чадор“

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
07 март 2026

Села, Азири и Даути ја поддржаа иницијативата правосудниот испит да се полага и на албански јазик

МАКЕДОНИЈА
07 март 2026

Возачи, внимание: Суспензијата на возачката дозвола започнува по вториот СМС

СВЕТ
07 март 2026

Високобрзински возови во Бугарија: Софија – Варна за 2 часа?

МАКЕДОНИЈА
07 март 2026

Нафтата се очекува да „експлодира“: Што ја очекува Северна Македонија?

ДРУГО
07 март 2026

Денес се одбележува наоѓањето на моштите на многубројните маченици во Евгенија

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
06 март 2026

Реза Пахлави: Иранскиот режим ги напаѓа соседните земји

СВЕТ
06 март 2026

Поради кризата во Иран, ЕУ состаноците во Кипар ќе се одржат онлајн

СВЕТ
06 март 2026

Баку: Иран планирал напади врз четири цели во Азербејџан

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Филипче: Му кажа ли Мицкоски на Руте дека ќе го врати името на државата?

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Еди Рама до децата од Битола: Чувајте го албанскиот јазик каде и да живеете

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Филипче: Ниту три минимални плати не се доволни за преживување во еден месец

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Без грижа: Државата уверува дека има доволно залихи на нафта

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Скопјанец пукал кон сопругата и се заканувал на ќерките – полицијата го приведе

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Вајц: Северна Македонија не може повторно да преговара за Бугарите во Уставот

СВЕТ
06 март 2026

Патниците повторно летаат од Дубаи по затворањето на небото

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
06 март 2026

Најмалку 20% од студентите по медицина ќе бидат обврзани да работат во Бугарија

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Бугарија реагира по новиот вандализам врз бугарскиот клуб “Иван Михајлов“ во Битола

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Само 8 проценти од Ромките се вработени, повеќето се соочуваат со дискриминација на работното место

СВЕТ
06 март 2026

Во голема евакуациска операција Бугарија веќе извлече стотици свои државјани од Блискиот Исток

СВЕТ
06 март 2026

Бугарија шеста по економски раст во Европската Унија

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
06 март 2026

Доналд Џ. Трамп: Нема договор со Иран освен безусловна капитулација

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Трендафилов: На 14 март повторно на улица – протест за повисоки плати

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Филипче: Работниците едвај преживуваат, а власта им порачува да не одат на одмор

TEMU

Реклама

Ненадминливи Понуди Дневно

ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии

4.8 (10276 рецензии)


54 ден

206 ден
73% ПОПУСТ

Заштедете 152.00 ден

Купи сега