29 март 2025
• од Вардарски
Во интервју за телевизијата „Сител“, евроамбасадорот на ЕУ во Северна Македонија, Михалис Рокас, изјави дека Владата ја поставила борбата против корупцијата како еден од своите главни приоритети. Тој оцени дека отворањето и истражувањето на случаи поврзани со корупција е позитивен сигнал и чекор во вистинската насока.
Рокас се осврна и на неодамнешна трагедија која, според него, открила случаи на корупција и системска небрежност. Тој подвлече дека е исклучително важно истрагата да се води темелно и дека правосудните органи мора да ја завршат својата работа без надворешни влијанија.
Во таа насока, тој истакна дека судството, обвинителството и другите релевантни тела треба да располагаат со соодветни ресурси и буџет за да функционираат независно и ефикасно. Рокас изрази уверување дека Владата работи во насока на зајакнување на овие институции.
Дополнително, евроамбасадорот потенцираше дека исполнувањето на условите за отпочнување на преговорите со Европската унија останува суштински приоритет. Тој јасно посочи дека внесувањето на Бугарите во Уставот на Северна Македонија е еден од тие клучни услови и дека тоа прашање треба да биде третиранo со ист приоритет како и борбата против корупцијата.
Рокас ги потсети властите дека препораките од годишниот извештај за владеење на правото се засновани на европски стандарди и треба да се следат доследно. Иако интерпелациите немаат обврзувачка сила, тој нагласи дека законските процедури и европските практики во однос на одговорноста на функционерите мора да се почитуваат.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

