16 март 2025
• од Вардарски
Бугарскиот претседател, Румен Радев, изрази сочувство до граѓаните на Република Северна Македонија поради пожарот во Кочани, при што загинаа и беа повредени многу луѓе. Во разговор со претседателката на државата, Гордана Силјановска-Давкова, Радев им изрази сочувство на семејствата кои ги загубија своите блиски. Тој истакна дека е во контакт со премиерот Жељазков и дека Бугарија е подготвена да пружи медицинска помош.
Според министерот за внатрешни работи, Панчо Тошковски, во пожарот во дискотека во Северна Македонија загинаа 51 лице, а над 100 се повредени.
Претседателот Радев на Твитер напиша:
Бугарија ја споделува болката на граѓаните на Северна Македонија за пожарот во Кочани, при што загинаа и беа повредени многу луѓе. Во разговор со претседателката Силјановска изразив сочувство до семејствата кои ги загубија своите блиски. Во контакт сум со премиерот Жељазков и Бугарија е подготвена да пружи медицинска помош.
Бугарија изразува подготвеност да помогне во справувањето со последиците од трагедијата и да пружи поддршка на повредените.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

