29 септември 2025
• од Тодор Вангелов
На 4 ноември ќе биде потпишано спогодбено решение помеѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија за изградба на заедничкиот трансграничен тунел, кој претставува клучен дел од Коридор 8. Документот ќе го потпишат министерот за транспорт и врски на Северна Македонија, Александар Николоски, и неговиот бугарски колега, Гроздан Караџов.
Според најавите, железничкото поврзување ќе обезбеди модерна линија со брзини до 160 км/час, која ќе ја поврзе Софија со граничниот премин кај Девебаир. Со тоа, регионот ќе добие брза и безбедна врска, а проектот е дел од пошироката европска стратегија за развој на транспортната инфраструктура на Балканот.
Паралелно со железницата, Бугарија започнува и со нова голема иницијатива – изградба на автопатски дел од Девебаир до Дупница, како составен дел на идниот автопат „Рила“. Оваа траса ќе го поврзе граничниот премин Девебаир со автопатот „Струма“, а во продолжение и со автопатот „Тракија“, овозможувајќи директна и побрза врска помеѓу Северна Македонија и централните делови на Бугарија.
Караџов објасни дека автопатот Дупница – Девебаир ќе биде дадена под концесија, а до пролетта 2026 година ќе биде ангажиран консултант од типот на Светска банка или Европската инвестициска банка за анализирање на моделот за финансирање.
Караџов е согласен дека овие инвестиции ќе придонесат за унапредување на економската соработка, туризмот и развојот на индустриските зони долж Коридорот 8.
„Ова не е само инфраструктурен проект, туку и симбол на зајакната регионална соработка и европска интеграција,“ порача Караџов.
Со реализацијата на Коридор 8 и автопатот „Рила“, регионот на Крива Паланка и Кјустендил добива нова улога – од периферна зона кон стратешка точка на Балканот.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

