08 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Еврокомесарката за проширување, Марта Кос, во објава на социјалната мрежа „Х“ ги пофали земјите од Западен Балкан и останатите кандидати за членство во Европската унија кои, според неа, постигнале значителен напредок на патот кон ЕУ во текот на 2025 година. Меѓутоа, во нејзината објава не беше спомната Македонија.
„2025 година беше година на значаен напредок за проширувањето на Европската унија. Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија се издвојуваат со најголем напредок во спроведувањето на реформите во изминатата година. Нашите кандидати имаат амбициозни цели да ги завршат преговорите, а претстојната година ќе биде момент на вистината,“ напиша Кос.
Отсуството на Македонија од листата на земји пофалени од еврокомесарката предизвика реакции во јавноста, бидејќи земјата веќе подолг период е во застој во процесот на пристапување кон Европската унија поради нерешени билатерални прашања и бавен напредок во реформите.
Бугарски аналитичар со остра анализа: С. Македонија работи против своите интереси
Пратеничка од Влен: „Беким Сали ќе биде премиер на Албанците во Македонија“
Насер Селмани: Албанските гласачи беа притиснати и манипулирани на изборите
Албин Курти ги пофали Албанците во Северна Македонија и владеењето на ВЛЕН,
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

