30 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Кандидатот за градоначалник Курто Дудуш го означи почетокот на својата изборна кампања на необичен начин – со гордо покажување на најновиот iPhone 17 Pro Max, чија цена достигнува и до 2.000 евра.
Со овој потег, Дудуш веднаш предизвика реакции во јавноста. Дел од граѓаните го протолкуваа како демонстрација на финансиска моќ и луксуз, во време кога голем дел од населението се соочува со економски предизвици. Други пак сметаат дека станува збор за симболичен гест со кој кандидатот сака да покаже модерност и „чекор со времето“.
Започнувањето на изборна трка со ваков пи-ар потег отвори прашања околу тоа какви вредности сака да пренесе кандидатот. Наместо класични политички пораки, Дудуш избра токму технологијата и личната гордост како прв впечаток пред гласачите.
Социјалните мрежи веднаш се наполнија со коментари – од иронија и критики, до поддршка од неговите симпатизери. Некои корисници забележаа дека во земја со ниски плати, вакво фалење може да делува провокативно, додека други истакнаа дека тоа е личен избор и не треба да се врзува директно со политичките пораки.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

